Фарук Јонуз, помошникот на Умит Каран во стручниот штаб на фудбалскиот прволигаш Шкупи ќе ги предводи чаирчани во натамошните обврски додека не биде симнато од дневен ред прашањето околу наследникот на турскиот стратег. Во фудбалските кулоари по оставката на Каран проструи информацијата дека на клупата кај Шкупи повторно ќе седне стручњак од Турција, Аднан Орнек, но од клубот од Чаир рекоа дека во мометов не знаат на кого ќе падне изборот.
Каран самиот ја соопшти веста дека се разделува со Шкупи, а потоа тоа го потврди и спортскиот директор на чаирчани, Омер Буњаку.
-Во моментов не знаеме кој ќе биде новиот тренер. Нашите планови беа поврзани со Каран. Ја користам оваа можност да му се забагодарам, рече Буњаку.



