Џафери му дал оправдание на Алими да не оди на судењето за „Титаник 3“

Рочиштето за „Титаник 3“ на СЈО е одложено бидејќи обвинетиот пратеник на ДУИ, Ејуп Алими, морал да присуствува на координација во Собранието. Оправданието било поткрепено со известување потпишано од првиот човек на Собранието и сопартиец на Алими, Талат Џафери.

Судијката Марија Клетничка го прочита оправдувањето за отсуството на пратеникот испратено од Собранието, но истакна дека денешниот датум бил договорен во согласност на обвинетиот пратеник.

-Непосредно пред денешното закажено рочиште е доставено известување од Собранието, потпишано од претседателот,  со кое се известува судот дека Алими во својство на пратеник и координатор на пратеничката група на ДУИ учествува на редовните координативни средби во Собранието, кои се одржуваат секој понеделник, рече судијката.

Треба да знаете
Последни објави