Англискиот Болтон, по 145 години постоење на фудбалската сцена може да престане да постои, откако се соочува со сериозни финансиски проблеми во последните неколку сезони. Во текот на летото, клубот склучи договор за продажба со бизнисменот Лоренс Басини и Болтон помина под негова контрола.
Во саботата пропадна уште еден договор, а раководството на третолигашката англиска фудбалска лига каде сега настапува Болтон му даде рок на клубот до вторник да ги исплати долговите, во спротивно ќе биде елиминиран од натпреварувањето.
Поради големите долгови пред почетокот на сезоната, Болтон стартуваше си минус 12 бода. После четири кола, екипата го зазема претпоследното место со едно реми и три порази.
Болтон е основан во 1874 година. Тој го освои ФА Купот четири пати и Суперкупот еднаш. Неговиот најдобар резултат во елитната дивизија е на третото место (три пати). Пред седум години, во сезоната 2011/12, Болтон играше во Премиер лигата.