Зидан може да замине од Реал

Зинедин Зидан се подготвува да го напушти шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, бидејќи не е среќен поради атмосферата која владее во соблекувалната на „кралевите“. По три последователни освоени титули во Лигата на шампионите, Зидан се повлече од клупата, а во финишот од минатата сезона се врати како спасител поради лошите резултати на Реал.

Шпанските медиуми веќе се погласно коментираат дека Зидан веќе имал разговор на оваа тема со претседателот на клубот Флорентино Перез. Францускиот трофеен стратег му соопштил на Перез  дека има големи проблеми во екипата и дека не треба оваа сезона да се очекува спектакуларни резултати.

Ваквото гледање на работите не му се допаднало на Перез кој сака секогаш Реал да биде лидер. На ова првиот човек на „кралевите“ му возвратил дека слободно може да го напушти клубот доколку не е среќен пренесуваат шпанските медиуми. Тоа е и причината поради што веднаш во медиумите се појави и името на Жозе Мурињо како старо-нов тренер на „кралевите“. Трофејниот португалски тренер десет месеци е без ангажман  откако доби отказ во Манчестер јунајтед  и во меѓувреме за да не биде настарана од фудбалот почна да работи како коментатор.

 

Треба да знаете
Последни објави