Ниту најголемите оптимисти не се надеваа пред 40 дена дека Михајловиќ ќе успее да се врати толку брзо на фудбалскиот терен. Медиумите откриваат дека докторите го советувале да не ја напушта болница, зашто тоа е ризично.
-Михајловиќ во последните 40 дена помина низ вистински пекол во соба каде го слушаше само звукот од алармот на машината која му сигнализираше дека е завршена хемотерапијата и останатите третмани. Плачеше од бес, но им порача на докторите дека ќе стане од креверт. Првите денови се подготвуваше за тоа што го очекува. Се шишаше, бидејќи костата од терепијата мораше да му падне, а веднаш почна да му расте што е знак дека неговото тело се бори против болеста – пишуваат медиумите.