Најдобрите ученици наградени од Општина Пробиштип

Ученици од основните и средните училишта во Пробиштип, кои минатата година освоиле награди на државни или меѓународни натпревари, денеска добија награди и од градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов. Во рамките на програмата за одбележување на 28 август – Денот на Општината и на рударите на учениците заедно со нивните ментори им беа доделени ваучери.

-Имав особена чест и задоволство да остварам средба со наградените ученици и ментори од основните општински училишта и од средното општинско училиште во изминатата учебна година и да им доделам соодветни награди и признанија, согласно Правилникот за наградување утврден од Советот на Општина Пробиштип. Се надевам дека признанијата ќе бидат уште посилен мотив, како за нив така и за останатите ученици и ментори, напорно да работат и да постигнуваат уште поголеми успеси, вели Анастасов.

Програмата по повод Денот на Општината и на рударите продолжува и вечерва со турнир во тенис и настап на македонски ѕзвезди Марјан Коцев, Браво бенд и Влатко Лозановски.

Треба да знаете
Последни објави