Норис неизвесен за трката на „Спа” во Белгија

Возачот на Ф1 тимот Мекларен, Ландо Норис, ја повреди ногата и е принуден при движење да користи ортопедско помагало. Се работи за повреда на левото стапало која може да го оддалечи од трката која ќе се вози на патеката „Спа“ за Големата награда на Белгија.

Норис преку социјалните мрежи изрази желба да се трка и покрај тоа што е повреден.

Од Мекларен соопштија дека 19-годишниот возач во Формула 1 има повреда на тетивата и дека постојат шанси Норис да најде во својот болид. Трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Белгија ќе се вози претстојниот викенд.

Треба да знаете
Последни објави