Ангелов го одбра Широки

Поранешниот младински фудбалски репрезентативец на Македонија Виктор Ангелов кариерата ја продолжува во босанскиот Широки Бријег, со кого потпиша едногодишен договор. Ако двете страни на крајот од сезоната бидат задоволни  од соработката ќе имаат прилика да потпишат и нов догворо за уште една година.

-Среќен сум што постигнавме согласност за соработка со Широки Бријег. И кога тренер на овој клуб беше Гоце Седлоски, разговаравме за овој ангажман. Сега се договоривме. Слушнав само убави зборови за клубот. Запознат сум со амбициите на клубот, дојдов да помогнам истите да ги оствариме заеднички – рече Ангелов на промоцијата.

Треба да знаете
Последни објави