Голем пожар избувна попладнево на грчкиот остров Крф поради што две села, во јужниот дел на островот, се евакуирани. Евакуирани се селата Неохори и Палеохори.
На пожарникарите во гаснењето на огнот им помагаат и противпожарни летала, група планинари и волонтери. Силен локален ветер дополнително им ја отежнува работата на пожарникарите.
Причините за пожарот сè уште не се познати.



