Во Албанија лани азил побарале 4.000 лица, повеќето се Сиријци

Паралелно со зголемувањето на бројот на албанските граѓани кои бараат азил во некоја од западно европските земја, во Албанија се зголемува бројот на странците кои аплицирале за азил.

Сиријците се на прво место по бројот на апликанти за азил во Албанија.

Според државниот Институт за статистика (ИНСТАТ), минатата година за азил аплицирале 4.386 лица, што е за 14 пати повеќе во споредба со претходната година, кога имало 309 барања.

Од вкупната бројка, 2.150 апликации се поднесени од државјани на Сирија, по што следуваат државјаните на Пакистан и Ирак.

Минатата година раст од 9,2 отсто во однос на 2017 година бележи бројот на оние кои добиле албанско државјанство, додека бројот на оние кои се откажале од албанското државјанство е помал за 1,7 отсто.

Претходно ИНСТАТ објави дека во 2018 година во земјата имало вкупно 14.162 странски државјани со дозвола за престој, што е за 9,7 отсто повеќе во споредба со претходната година, кога во Албанија со дозвола за престој живееле 12.900 државјани на друга земја.

Од вкупната бројка дури 6.000 се Иранци, припадници на заедницата на Муџахедните, кои во Албанија пристигнаа откако албанската Влада го прифати барањето на САД.

Треба да знаете
Последни објави