Жените во Бангладеш веќе не се обврзани пред брак да објават дали се девици

Жените во Бангладеш веќе не мораат да се изјаснуваат дали се девици на нивните брачни изводи, пресуди тамошниот Врховен суд по петгодишната битка на здруженијата за женски права, во обид да ја заштитат приватноста на жените и да го спречат нивното јавно понижување.

Брачните закони во оваа претежно муслиманска земја во јужна Азија бараа од невестите да се изјаснат дали се девици, вдовици или разведени.

По пресудата на Врховниот суд, властите ќе треба да го заменат терминот „девица“ со терминот „немажена“, а оваа одлука беше поздравена од групите за женски права.

Младоженецот, според новите правила, исто така ќе мора да открие дали претходно бил неженет, разведен или вдовец.

Адвокатката Аинун Нахар Сидиква за агенцијата „Ројтерс“ изјавила дека случајот датира уште од 2014 година кога била потпишана петиција за промена на Законот за брак и развод во Бангладеш од 1974 година.

Треба да знаете
Последни објави