Нива со 105 стебла канабис била пронајдена вчера во близина на Блаце, информира МВР.
Според полицијата, вчера на пладне полицајци од ПС за Граничен надзор Блаце помеѓу вториот и третиот железнички мост на реката Лепенец, на место викано Чучунска лука пронашле 105 стебла од растението канабис сатива.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.