Над 40 мигранти загинаа или исчезнаа крај либискиот брег

Најмалку 40 луѓе загинале или исчезнале во бродоломот крај либискиот брег, на брод што превезувал мигранти кон Европа, Според портпаролот на Агенцијата на ОН за бегалци, Чарли Јахлеј, можно е 60-тина лица да се спасени.

Тој на Твитер напиша дека засега има малку детали за несреќата.

„Шеесетина лица се спасени и вратени на брегот. Проценките се дека најмалку 40 лица загинале или исчезнале“, додаде Јахлеј.

Старите и трошни пловила, наполнети со мигранти кои се обидуваат да дојдат до Европа редовно имаат несреќи крај либискиот брег. Минатата недела повеќе од 100 лица погинаа во бродоломот, додека минатиот месец се преврте брод со 250 лица.

Изминатите години илјадници лица го загубија животот во Медитеранот од стотиците илјади кои се обидуваат да минат од Северна Африка во Европа, иако ОН наведуваат дека бројката на тие што сакаат да тргнуваат на ваков ризичен пат е се помала, пренесуват британските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави