Шумскиот пожар кој изби во јужниот дел на грчкиот остров Крф вечерва е ставен под контрола, соопштија властите.
Поради избивање на голем пожар попладнево беа евакуирани две села. Евакуирани се жителите на селата Неохори и Палеохори.
На пожарникарите во гаснењето на огнот им помагаа и противпожарни летала. Силниот ветер дополнително им ја отежнуваше работата.