Семејството Бекам ужива на јахтата на Елтон Џон

Семејството Бекам неодамна на луксузна јахта ја посети Црна Гора, поточно островот Свети Стефан и уживаше во убавините на летото. Дејвид (44) и Викторија (45), како и нивните синови Круз Дејвид (14), Ромео Џејмс (16) и Бруклин Џозеф (20) секој ден споделуваа фотографии од одморот со своите фанови, и  во моментов се во Франција каде што престојуваат на јахтата на нивниот близок пријател, пејачот Елтон Џон (72).

Папараците го фотографираа среќното семејство во друштво на пејачот и неговиот сопруг, режисерот Дејвид Фурниш (56). Од фотографиите се гледа дека семејството добро се забавува – се капат и ѝпомагаат на  Харпер (7) да влезе во морето и да скока од јахтата.

Обожавателите, исто така, забележаа дека двојката е многу блиска.

Дејвид ја опсипува Викторија со бакнежи, таа се смее среќно, а на една фотографија се чини дека Дејвид ја убедува да скокне во море.

Треба да знаете
Последни објави