Американката Серена Вилијамс ја совлада руската тенисерка Марија Шарапова со 2-0 во првото коло на Гренд слем турнирот во Њујорк. Двата сета осмата носителка ги доби со по 6:1.
Од првите десет фаворитки во 2.коло досега пласман изборија Ешли Барти (2. носителка), Каролина Плишкова (3. носителка), Елина Свитолина (5.носителка) и Медисон Кис (10. носителка).
Вкупниот награден фонд на УС Опен е 57,2 милиони долари.