Се уредува минор – коритото на Крива Река

Во oпштина Крива Паланка започнаа активности за доуредување на дел од речното корито на Крива Река во рамки на проектот „Изградба на регулација на минор корито на Крива Река – трет дел”.
-Должината на трасата што ќе се уредува е 300 метри, а се работи на потегот од т.н. Виолетов мост, низводно кон Осички мост, каде по уредување на минор корито ќе се овозможи и партерно уредување на мајор коритото со предвидени урбани содржини, информира службата за комуникација со јавност при општина Крива Паланка.
Напоредно со овој проект, општината аплицира и за средства за уредување на минор коритото по течението на Крива Река од градскиот зелен пазар до населба Бегови Бавчи.
-Во градот се во тек и активности за уредување и поплочување на неколку јавни локации, улици и пристапни патеки, кои ќе се интензивираат во деновите по претстојните празници. Се работи на поплочување на дел од улицата Моша Пијаде, по што ќе следи санација на пристапната патека од населба Бегови Бавчи кон т.н. Стар Пролетер каде веќе се завршени подготвителните активности, посочуваат од општината.
Во следниот период ќе се уредуваат уште неколку локации согласно предвидената динамика, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

Треба да знаете
Последни објави