Усвоена потребата за предлог-законот за ЈО – ВМРО бара оставка од Дескоска, а ДУИ – ветинг

Се усвои потребата за предлог-законот за ЈО со 57 гласа „За“, ниту еден против, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа воопшто иако беа присутни пишува ТВ 21.

Предлагачот, Рената Дескоска, рече дека овој Закон ќе го гони криминалот и високата корупција и дека со овој предлог-законот ќе имаме ефикасна правда, без разлика на политичката гарнитура. Но, зборовите на министерката Дескоска не и се допаднаа на опозицијата која бурно реагираше.

По ова пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошовски, побара оставка од Министерката за правда, бидејќи токму во текот на нејзиниот мандат имаме мега скандал „Рекет’’.

Дескоска, рече дека постои впечаток дека за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поважно е да се спасат неколку функционери. Таа рече дека има други опции доколку не се постигне двотретинско мнозинство.

Пратеникот на Движење Беса, истакнаа дека овој предлог-закон не е прифатлив бидејќи нема гаранција од власта дека отворените предметите на СЈО ќе бидат процесирани.

Артан Груби од ДУИ, побара ветинг за сите политичари, судии и обвинители по скандалот „Рекет“.

Во четврток, предлог-законот за ЈО ќе биде во Комисијата за европски прашања, каде се очекува да се дискутира за предложените амандмани од политичките партии.

Целиот линк прегледајте го тука: https://tv21.tv/mk/usvoena-potrebata-za-predlog-zakonot-za-jo-vmro-bara-ostavka-od-deskoska-a-dui-veting/

Треба да знаете
Последни објави