Утре сончево и топло со температури до 37 степени

Во поголемиот дел од земјава утре времето ќе се задржи сончево и топло, со мала до умерена облачност. Само во западните делови попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=7

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата од 17 до 35 степени.

Од четврток следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност, слаб до умерен североисточен ветер и благ пад на температурите

Треба да знаете
Последни објави