Популарниот пејач Џон Бон Џови отвори два ресторани во кои сиромашните може да добијат бесплатен оброк.
Името на непрофитната организација и на рестораните е „Соул кичен“. Во рестораните мениата се без цени, а плаќањето на сметката не е обврска. Оние кои што се во можност може да остават 20 долари, додека оние кои немаат пари може да јадат бесплатно, а подоцна да волонтираат во кујната.
Според податоците 51 отсто од оброците се платени преку донации, а преостанатите 49 се покриени со добрволна работа.
Мотото на рестораните е: „Сите се добредојдени“.
Првиот ваков ресторан е отворен во 2011 година во Њу Џерси каде што е роден Џон Бон Џови. Вториот ресторан е отворен во 2016 година во подрачјето кое настрада од ураганот Сенди.
„На нашите мениа нема цени. Ако сте во можност ќе може да учествувате во работата – да брише маси, да миете садови или да работите во градината“, рекол пејачот.
Во рестораните не постои резервација. На менито секогаш има предјадење, главно јадење и десерт, а менито се менува на секои 10 дена