Над 20.000 лица учествуваа на традиционалното мавање со домати, на фестивалот наречен „Томатина“ во шпанскиот град Бунол.
За време на едночасовната борба, се потрошија 145 тони домати кои беа испорачани во шест камиони.
Учесниците во борбата за да ги заштитат очите носеа очила за нуркање, а по завршувањето на настанот за нив беа обезбедни јавни тушеви.
Картата за учество на фестивалот чини 12 евра.