Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, го смени изгледот на својата страницата на Инстаграм.
Французинот ги избришал информациите дека е играч на каталонскиот клуб, а според „Ла Сениера”, последен пат Дембеле го стори тоа пред да замине од Дортмунд Борусија.
Поради повреда на бутниот мускул, Дембеле ќе биде надвор од терените околу еден месец.
Французинот има важечки договор со каталонскиот клуб до 2022 година.