Италијански Милан направил конечен предлог до Атлетико Мадрид за напаѓачот Анхел Кореа, пишува „АС”.
„Росонерите” се подготвени да платат за аргентинскиот напаѓач 35 милиони евра и 5 милиони бонуси. Милан исто така ќе им понуди на „јорганџиите” 30% од следниот трансфер на играчот.
Во моментов, Милан очекува одговор од шпанскиот клуб. Милан го обнови и интересот за крилото на Гремио – Евертон.