Николовски со честитка за празникот Успение на Пресвета Богородица: Вредностите на овој голем ден нека бидат водилка, да шириме добрина, радост, љубов и меѓусебно почитување

Како што доликува на ваков ден, заедно со грѓаните, со верниците го прославуваме еден од поголемте христијански празници, Успение на Пресвета Богородица.
Од овде, од храмот Свети Димитрија во Крива Паланка на сите христијански верници им го честитам овој голем празник, Успение на Пресвета Богородица, празникот на љубовта, радоста и добрината.
Овие христијански, човечки вредности нека бидат водилки во животот на секој од нас
Да шириме добрина, радост, љубов, за меѓусебно помагање и почитување.
Нека е за многу години празникот Успение на Пресвета Богородица!

 

Треба да знаете
Последни објави