Стево Пендаровски при посетата на рудникот Саса во Македонска Каменица изјави дека очекува брза и темелна истрага за „Рекет“. Тој укажува дека еговата перцепција укажува деканиту бизнис-заедницата нитупак олитиката, не треба да влијаат на истрагата во сучајот „Рекет“ на јавното обвинителство.
– Да бидеме стрпливи, да видиме што ќе покаже истрагата. Сега во овој момент не би сакал да коментирам како одат работите. Важно е дека тргнаа напред. Сакаме да видиме брза и темелна истрага, и истрага во која нема да се чувствуваат надворешни влијанија, ниту од бизнис-заедницата, ниту евентуално од страна на политичарите, рече Пендаровски.
Пендаровски додаде дека според информациите со кои располага, нема владино мешање за тоа во која насока да оди истрагата за оваа афера и дека немало заплашувања од страна на политички функционери до одредени сведоци да даваат информации за случајот.
– Ако ме прашувате мене, генерално во една реченица ќе кажам дека генерално во државата постои амбиент во кој политиката не се меша во работата на судовите и обвинителствата и тоа така се надевам и дека ќе остане, додаде шефот на државата.
Тој рече дека во принцип нема ништо против странски стручни лица во иднина да работат на поддршка на македонскиот правосуден систем.