Оваа убавица објави фотографија на „Инстаграм“ на која се гледа како се смее покрај базенот, држејќи се за стомакот.
Под фотографијата, таа напиша: „Нашето семејство се шири, а и моето стомаче. Благодарна сум му на универзумот што нè направи толку среќни со овој божествен подарок“, рече манекенката и додаде дека ја фотографирал идниот татко, за кој рече дека веќе е најдобриот татко на светот.
На почетокот на август Петра се омажи за бизнисменот Бенџамин Ларече, со кого е во врска од минатата година и со кого најде среќа по големата животна трагедија.
Убавата манекенка доживеа голема трагедија кога преживеа цунами во 2004 година. Немцова со тогашниот свршеник, фотографот Симон Атли, била во Тајланд, но тој загина.
Петра некако успеала да преживее. Имала тешки внатрешни повреди и неколку скршени ребра, мораше да учи повторно да оди и четири месеци закрепнуваше.
По трагедијата, таа ја основа Фондацијата „Хепи хартс“, која им помага на луѓето ширум светот по природните непогоди, но исто така гради училишта и обезбедува засолниште и храна за загрозените и сè уште е активна во областа на хуманитарната работа