На 27.08.2019 во 14,15 часот било пријавено дека во Охрид на улицата „Егејска“ се случила сообраќајна незгода во која учествувавле товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(35) и велосипед управуван од М.К.(55), и двајцата од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.