Тропската бура Доријан се приближува кон Порторико

Тропската бура Доријан се приближува кон Порторико и се заканува дека на својот пат кон американското тло ќе се претвори во ураган.

Според предвидувањата на метеоролозите, бурата ќе помине во близина на западниот и централниот дел на Порторико, предизвикувајќи одрони како последица од поројни дождови, поплави и можно е прекин на електрична енергија.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи вонредна состојба и нареди федерална помош за локалните власти.

– Целиот остров ќе биде под ветровите на тропската бура, изјави директорот на американската метеоролошка агенција Роберто Гарсија.

Доријан синоќа се наоѓаше на околу 440 километри југоисточно од Порторико, со брзина на ветрови од околу 50 километри на час, кои во следните 24 часа би можеле да бидат посилни. Се очекува бурата да донесе од 10 до 15 сантиметри дожд.

Треба да знаете
Последни објави