Царовска: Честит Ден на рударите, со намалувањето на старосната граница за пензионирање исправивме голема неправда

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера вечер присуствуваше на Свечена седница на Општина Пробиштип по повод Денот на рударите -28 август. Царовска во своето обраќање во коешто им го честиташе празникот на сите рудари во државата рече дека МТСП и Владата го исполнија долгогодишното барање на рударите за намалување на старосната граница за пензионирање и исправија една голема неправда со измените на Законот за пензиско и инвалитско осигурување.

“Ветивме и реализиравме намалување на старосната граница за пензионирање на рударите коишто работат во подземен коп и досега според овој Закон во пензија се заминати 51 рудар од кои 8 се во Пробиштип. Со законските измени коишто се на сила од крајот на минатата година рударите остваруваат право на пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако претходно рудар се пензионира со навршени 58 години, со новото решение се пензионира на околу 50 години. Со овие законски измени се излегува во пресерет на долгогодишните барања на рударите“, рече министерката Царовска.

Царовска во Пробиштип најави дека се подготвуваат законски измени со кои ќе се прошири бројот на стечајци кои до пензионирање ќе земаат месечен надомест од  8.254 денари.Со Законот за материјално обезбедување на невработени лица досега се опфатени приближно 11.000 стечајци, но оваа бројка ќе продолжи да се зголемува, бидејќи целта на владата е да ги извлекува најранливите од сиромаштија.

Министерката рече дека успешно се ја спроведува и социјалната реформа со која социјалната помош се зголеми во просек за 300%. Само за три месеци од спроведувањето на реформата зголемена помош добиваат околу 27.000 домаќинства, а бројот на деца коишто користат детски додаток е зголемен за три пати и во моментот изнесува 20.230.
Ги повикувам жителите на Пробиштип, но и сите останати граѓани кои се приматели на Гарантиран минимален приход или земаат минимална да се пријават во Центрите за социјални работи за да може да ги користат овие додатоци.

Детската заштита останува врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика. Со инвестирањето, изградба на нови градинки и проширувањето на постојните капацитети се води грижа за најмладите.
Изминатиот период МТСП инвестираше  во проширување на градинка со која е обезбеден дополнителен простор за 40 деца. Пробиштип е една од 17 општини кои ќе користи средства од Светска банка за проширување на капацитет на постоен објект. Со грантот за кој наскоро ќе потпишеме договор градот добива градинка со дополнителен простор за уште 80 деца.

 

 

Треба да знаете
Последни објави