Археолози во Пери пронашле остатоци од жртвувани деца на кои им биле вадени срцата

Перуански археолози пронашле остатоци од 227 деца за кои се верува дека биле жртвувани меѓу 1200 и 1520 година, пренесе националната агенција „Андина“.
Остатоците од децата на возраст од 4 до 14 години, биле пронајдени во 2016 година на подрачје на површина од 5000 километри квадратни, на локацијата Пампа ла Круз, во близина на крајбрежниот град Хуанчако, во северозападниот дел од земјата.

Последните остатоци биле откриени на почетокот на оваа недела и му припаѓаат на 10-годишно момче, кој имал сребрени обетки, што покажува дека биле жртвувани деца од повеќе класи, изјавил археологот Габриел Приет, пренесува весникот „Ел Комерцио“.

Жртвувањата се дел од културата на цивилизацијата Чиму, која почнала да се формира во првата половина на 14 век и градела градови и се развивала со обебни системи за наводнување.

Во 15 век Инките ја совладале оваа цивилизација, а нив подоцна ги освоиле Шпанците. Остатоците од децата се пронајдени во јами или гробници, во седечка или лежечка положба свртени кон морето. Убиени се најверојатно со бакарни ножеви, пи што им било вадено срцето, велат експертите.

Жрвувањата најверојатно биле организиарни за божицата на морето, за да се обезбедат воени победи или да се прослави победнички поход. Не е јасно зошто се жртвувале деца а не возрасни.

Треба да знаете
Последни објави