Велковски, Алијоски… му ја вратија насмевката на Ангеловски

Откако ги соопшти своите избраници македонскиот фудбалски селектор Игро Ангеловски – Мрме  се наврати да образложи зошто некои имиња не се на списокот, а други се најдоа во тој избор. Најмладиот македонски репрезентативец кој досега настапил за сениорскиот тим, напаѓачот Дарко Чурлинов одлучил да го остави да биде на располагање на репрезенатција до 21 година која ќе има квалификациски обврски, а за дебитантот Влатко Стојановски потенцираше дека заслужи да добие шанса оти лани како најдобар стрелец на домашната сцена направи трансфер во францускиот Ним каде и дебитираше.

-Ништо не менуваме околу подготвките. Откако ќе се комплетираме во вторник ќе имаме само еден заеднички тренинг во полн состав. Поради клупски обврски петмина кандидати ќе ја прескокнат прозивката во Скопје – вели Ангеловски.

Македонија во вторник некомплетна заминаува за Израел. Таму е највено дека ќе им се придружат Горан Пандев, Столе Димитриевски, Александар Трајковски, Иван Тричковски и Илија Несторовски.

Македонскиот селектор веќе го анализирал првиот противник Израел од кој исход во многу ќе зависи натамошниот тек на квалификациите за ЕП-2020. Ангеловски признава дека сегашниот состав на Израел е многу поинаков од оној од пред две години.

-Израле не е истиот тим кој го победивме пред две години. Главен играч им е Захави. Новиот селектор Херцог внесе новитети и тоа треба да го имаме на ум – додава Мрме кој не го крие задоволството што македонските репрезентативци од одбраната почнаа да играат на последниве натпревари за своите екипи, како и тоа што некои стандардни кандидати направија трансфер во силни екипи со што само го потврдија својот квалитет.

-Бев загрижен кога не играа нашите клучни играчи од одбраната. Ситуацијата се смени на добро. Велковски и Алијоски почна да игра, Бејтулаи е стандарден во Шкендија, останува шанса да чека уште Муслиу. Добро е и тоа што Елмас се пресели во Наполи, Трајковски во Мајорка, а Несторвоски во Удинезе… Сето ова треба да го искористиме за поголема самодоверба – вели селекторот.

Треба да знаете
Последни објави