Дембеле никаде нема да мрдне од Барса

Усман Дембеле нема да оди никаде од Барселона, изјави неговиот менаџер Муса Сисоко за „Телефут”.

– Тој останува 100% во Барса. Нема шанси да замине никаде. Тој сака да остане и да победува со Барса, рече Сисоко.

Ова значи дека понудата на Каталонците од 150 милиони плус Дембеле за Нејмар нема шанси да се реализира. Шпанскиот шампион ќе мора да дејствува брзо ако сака да го врати Бразилецот на „Камп Ноу”, бидејќи трансфер прозорецот се затвора на 2 септември.

Треба да знаете
Последни објави