Британскиот пејач Ед Ширан (28) на неговиот концерт во понеделникот во Ипсвич изјави дека се повлекува од музичката сцена. Турнејата „Divide“ со која е крајно задоволен ќе биде негова последна, пишува „Сан“.
Тој рече дека ќе биде отсутен барем една и пол година, и решил да поминува повеќе време со својата сопруга Чери Сиборн. Двојката во јули потврди дека тајно се венчале и дека се заедно уште од средно училиште.
https://www.instagram.com/p/Bjm2Cc8H1Or/?utm_source=ig_web_copy_link
„Како што знаете, повеќе од две години сум на турнејата „Divide“ и ова е последниот ден. Има нешто многу интересно во сето ова, навистина ми е драго што сте тука и сè завршува во Ипсвич. Ова е секако мојата последна свирка во наредните 18 месеци“, рече тој за време на настапот во Ипсвич.
„Девет милиони луѓе, 893 дена, 46 земји, 175 градови, 260 настапи, 268 членови на тимот, две скршени раце, три брака, четири деца. Оваа турнеја на ‘Divide’ беше дива“, кажа Ед.
На крајот, додаде дека е многу важно за него да биде со Чери и да основаат семејство бидејќи не планира цело време да биде отсутен.
За време на отсуството од сцената, тој ќе работи на нов албум.