Клоп не верува дека Ливерпул пак ќе стигне сезонава до финалето

На помалку од три часа до почетокот на ждрепката за составот на групите од елитното фудбалско натпреварување Лигата на шампионите,  стретегот на актуелниот првак Ливерпул, Јирген Клоп не верува дека со „црвените“ ќе  можат да стасаат до финалето за да ја бранат титулата.

-Во овој момент не сум сигурен дека повторно ќе играме во финалето. Нема ништо против да го сториме тоа, но ќе биде многу тешко. Имаме исти шанси како и сите други екипи. Мислам дека англиските тимови нема да доминираат сезонава. Има многу клубови кои можата да приредат добри резултати. Ќе биде лудо натпреварување. Сите екипи влегуваат со свои амбиции – вели Клоп пред ждрепката која почнува во 18 часот.

Ливерпул како актуелен првак ќе ги чека ривалите од првиот рејтинг шешир.

 

Треба да знаете
Последни објави