Италијанскиот премиер во заминување, Џузепе Конте доби од претседателот Серџо Матарела мандат за формирање на нова влада.
Конте ќе се обиде да ја состави владата со членови од досегашното владејачко мнозинство, Движењето 5 ѕвезди и опозициската Демократска партија, пренесе „Ројтерс“.
Демократската партија соопшти вчера дека е подготвена да формира коалиција со Движењето 5 ѕвезди, со што на страна се ставени годините на меѓусебното непријателство за да се избегнат предвремени избори и да се ублажи економската неизвесност.
По повеќедневните тешки преговори, лидерот на Демократската партија, Никола Зингарели му кажа на претседателот Матарела дека неговата партија ќе го прифати канидатот за премиер на Движењето 5 ѕвезди, досегашниот претседател на владата, Конте.