Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со дел од учесниците на годинашното, 13-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Скупи“, што се одржува од 28 до 31 август. На средбата, на која присуствуваше и директорот на манифестацијата, Бурханедин Сали, министерот за култура им пожела успешно фестивалско издание.
Меѓународниот фолклорен фестивал „Скупи“ е во организација на ансамблот „Звуците на Каршиака“, а се реализира со поддршка од Министерството за култура. На годинашното издание ќе се претстават домашни ансамбли, но и фолклорни ансамбли од Азија и од Европа, односно од: Албанија, Турција, Косово, Хрватска, Словачка, Киргистан. Од 28 до 31 август ќе се одржуваат концерти во неколку општини во Градот Скопје, како и во Тетово.