Нема настава во понеделник за учениците од основно и средно

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) донесе одлука на 2 септември да стапи во предупредувачки штрајк. Ова значи дека дека првиот училишен ден за учениците од основното и средното образование ќе биде ненаставен. Одлуката е донесена, но не се исклучува можноста во последен момент таа да биде променета. Како што посочуваат од СОНК, штрајкот ќе биде еднодневен, односно нема да се одвива во континуитет. Ќе се протестира само на 2 септември, а потоа за утврдување на следните чекори дополнително ќе одлучува Советот на СОНК.

Треба да знаете
Последни објави