Покрај када, плочки бојлерр сега на ред дојдоа и правосмукалка и перална. Нуркачите со нов пронајдок на дното. Во изминатиот период Охридското Езеро беше во центарот на вниманието, а очигледно ќе продолжи така. Екипата на „Акватек“ од Охрид на фејсбоок објави дека пронашле делови од правосмукалка и перална (смукувач и бубањ) лоцирани кај крајбрежјето во близина на Мостот на Желбите, длабочина од 3 метри.
– Продолжувам со лоцирање и фотографирање на секаков вид отпад. Потоа следува и дислокација на истиот. Да го заштитиме Охридското Езеро од својот најголем непријател човекот- стои на објавата.