Реал ќе инкасира најмногу од настапот во групите во ЛШ

Реал Мадрид оваа сезона ќе биде клубот кој ќе добие најмногу пари од УЕФА за настапот во групната фаза од фудбалската Лига на шампионите. Шпанскиот гигант ќе заработи нешто повеќе од 35 милиони евра, а зад него следуваат Барселона со 34 односно Баерн Минхен 33 милиони евра.

Парите УЕФА сезонава ги распределува во зависност од тоа колкав коефициент имаат клубовите во последните 10 години во елитното натпреварување. Реал добива најголем дел од финансискиот колачот затоа што во овој период има освоено четири од своите рекордни тринаесет европски круни. Во топ 10  според финансиската заработка следат: Атлетико (32 милиони), Челзи (31 милион), Јувентус (29 ), Бенфика (28), ПСЖ (27), Ливерпул (26) и Манчестер Сити (25).

Треба да знаете
Последни објави