СДСМ три години наместо инвестиции, преку РЕК Битола делеше тендери. Наместо за набавка на сопствена опрема и механизација милиони беа трошени на ангажирање на приватна механизација, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ.
„Три години РЕК Битола служи како место на вдомување на партиски активисти, исто како и ЕЛЕМ. Манчевски кога зборува за РЕК Битола треба да одговори дали камионите на фамилијата на Заев уште возат во РЕК Битола? Манчевски како министер на МИОА треба да каже дали во ЕЛЕМ уште се штанцаат решенија за работа на партиски активисти? СДСМ три години само ги злоупотребува РЕК Битола и ЕЛЕМ. Искористувањето на овие претпријатија мора да запре“, пишува во реакцијата.