Трансродовите Австралијци ќе имаат право да го променат полот во изводот на родени

Викторија во вторникот стана петтата од шест австралиски држави во која трансродовите луѓе ќе имаат право да менуваат пол во изводот од матичната книга на родени.

И покрај противењето на некои пратеници во австралискиот парламент, Законодавното собрание на Викторија новиот закон го донесе со 26 гласа „за“ и 14 гласа „против“.

Либералната партија беше против новиот закон, тврдејќи дека тој ќе овозможи злоупотреба на жени и девојчиња. Меѓутоа, неговите приврзаници го нарекоа ваквиот став очајнички, бесмислен и крајно штетен.

Според новиот закон, лицето кое поднесува барање за промена на полот ќе мора да потпише правна изјава во присуство на возрасно лице што го познава најмалку една година.

Законот мина на гласањето во Законодавното собрание без амандмани, бидејќи беше поддржан од мнозинството независни пратеници.

На гласањето му претходеше жестока расправа меѓу поддржувачите и противниците на новиот закон.

На пример, женското здружение Victorian Women’s Guild се спротивстави на новиот закон, тврдејќи дека може да влијае негативно на местата кои се резервирани само за жени, додека феминистичката организација Equality Australia испрати 1.000 отворени писма во знак на поддршка.

Треба да знаете
Последни објави