Анџелина Џоли планира да се кандидира за претседател на САД, според порталот „Брејтбарт“

Една од најплатените американски актерки и амбасадорка на ООН, Анџелина Џоли (44) неодамна го покрена каналот „Јутјуб“ кој се занимава со хуманитарна работа, а досега има повеќе од 10.000 претплатници. Во описот на каналот се наведува дека актерката, меѓу другото, ја претставува ООН и се занимава со прашањата за раселување на населението и дека преку нејзината работа придонесува во процесот на изнаоѓање решенија за оние кои се принудени да ги напуштат своите домови.

Џоли, која моментално го промовира новиот филм „Maleficent: Mistress of Evil“, има две видеа на нејзиниот канал. Порталот „Брејтбарт“ посочува дека со лансирање на канал „Јутјуб“, актерката всушност се подготвувa за претседателската кампања.

„Искрено, ако ме прашавте пред 20 години, јас само ќе се насмеев слатко. Навистина не знам. Секогаш велам дека ќе одам таму каде што треба да бидам. Не знам дали сум погодна за политика, но кога мислам дека немам што повеќе да кријам, тогаш мислам дека сум отворена за таа можност. Можам многу да поднесам“, рече актерката во интервју за BBC Radio 4 Today кон крајот на минатата година.

Тогаш водителот на емисијата, Џастин Веб (58), ѝ рекол дека ќе ја стави на списокот на потенцијални кандидати за изборите во 2020 година, на што Анџелина се насмеала и одговорила: „Благодарам!“

Треба да знаете
Последни објави