Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) соопшти дека ја разгледува можноста да му одреди казна на Ник Кирјос по неговата изјава дека организацијата била корумпирана. Според правилата на АТП, „голема казна“ може да биде парична во висина на освоен турнир, а може да заработи и забрана за настап од една година.
Темпераментниот австралиски тенисер Кирјос на конференцијата за медиумите по првиот меч на УС Опен, во кој го победи Стив Џонсон, кажа што мисли за казната од 100.000 долари, која му беше одредена откако скрши два рекети во Синсинати.
-Зошто воопшто зборуваме за такви работи, кога штотуку совладав некој во првото коло на УС Опен“ – возврати со прашање Кирјос.
Кирјос во претходниот период често беше казнуван поради разни глупости, а во 2016 година беше и суспендиран.