Болсонаро го избриша навредливиот коментар за Бриџит Макрон

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро избриша навредлив коментар на „Фејсбук“ на сметка на првата дама на Франција, Бриџит Макрон, за да „се избегне погрешно толкување“, рече неговиот портпарол.

„За да се избегне погрешно толкување, коментарот беше избришан од социјалната мрежа“, рече Отавио до Рего Барос.

Болсонаро во неделата го коментираше објавувањето на „Фејсбук“, чија цел е исмевање на изгледот на Бриџит Макрон.

Треба да знаете
Последни објави