Борец се засили со Пеев пред дуелот со Шкендија

Повратникот во прволигашката фудбалска конкуренција велешки Борец нема намера да игра епизодна улога во елитното натпреварување каде избори пласман по 18 години чекање. За таа цел тимот се засили со искусниот Оливер Пеев, во пресрет на дуелот со актуелниот шампион Шкендија, в сабота пред своите гледачи во рамките од 4. коло.

Пеев изминатата сезона беше во редовите на Работнички, а во својата кариера има интернационално искуство со настапи во екипи од соседна Грција, како и во Турција, додека пак во мак-фудбалот ги бранел боите уште на екипите на Вардар, Металург,  Пелистер, Шкендија, Тетекс.

Треба да знаете
Последни објави