Вирџил ван Дијк ја освои наградата за најдобар дефанзивец за сезоната 2018/2019 на наградите „The Best” на УЕФА.
Наградата му беше доделена за време на ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите.
– Тоа беше заслужена победа (финалето на ЛШ). Сепак, се започнува од почеток и сакаме да го одбраниме трофејот. Ќе биде исклучително комплексно, бидејќи има многу квалитетни тимови со кои ќе мора да се натпреваруваме. Истанбул е убав град и се надевам дека ќе стигнеме таму повторно за да се бориме за наградата, изјави Холанѓанецот.