Оскаровката Вajола Дејвис (54) ќе ја отелотвори поранешната прва дама на САД, Мишел Обама (55), во новата ТВ-серија наречена „Први дами“, емитувана од американската кабелска и сателитска мрежа на Showtime, која ќе ги прикаже животите на сопругите на американските претседатели низ историјата.
Во средиштето на првата серија, која беше создадена по предлог на писателот и продуцент Арон Кули, ќе бидат Мишел Обама, Елеонор Рузвелт и Бети Форд.
Серијата ќе им овозможи на гледачите увид во личниот и политичкиот живот на сопругите на американските претседатели. Гледачите ќе откријат колку важни политички одлуки се донесени во источното крило на Белата куќа, во кое се сместени официјалните простории на американската прва дама и нејзиниот персонал.
Семејството Обама помина два мандати во Белата куќа – од 2008 до 2016 година. Мишел Обама и актерката Вajола Дејвис се сретнале неколку пати во различни пригоди.
Во 2017 година, Дејвис објави фотографија од двојката Обама на Фејсбук, во која е насловена: „Продолжете да блескате и да влијаете врз иднината на новите генерации“.