„Епл“ ги менува практиките за приватноста на податоци

Технолошкиот гигант „Епл“ соопшти дека ќе престане со вообичаената практика да чува аудио записи од гласовните команди што корисниците ги издаваат за нивниот личен асистент „Сири“, но ќе ја ограничи и анализата на аудио снимките кои ги чува, така што во иднина истата ќе ја спроведуваат само вработени во компанијата, а не работници ангажирани со договор.

Промената дојде откако „Епл“ претходно месецов ја суспендираше програмата наречена „Сири рангирање“ (Siri grading), во рамките на која работници ги слушаат аудио командите на корисниците, со цел да утврдат дали личниот асистент адекватно одговорил на барањето да направи нешто, на пример да ги прочитата примените пораки или да брифира за закажаните претстојни состаноци.

„Епл“ ја прекина програмата откако „Гардијан“ објави дека работниците со договор во компанијата редовно слушале доверливи информации, па дури и парови како водат љубов, пренесе „Глас на Америка“.

Компанијата во средата објави дека ќе престане да чува аудио записи за човечка анализа и наместо тоа ќе им овозможи на корисниците самите да изберат дали сакаат нивните снимки да бидат анализирани.

„Епл“ додава дека ќе продолжи да користи компјутерски генерирани транскрипи за подобрување на „Сири“.

Треба да знаете
Последни објави