На 28.08.2019 во 17,10 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар пред Скудрински мост се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило даф со полуприколка со дебарски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(54) од Дебар, и патничко моторно возило “хјундаи“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.С.(40) од Скопје. Во незгодата сопатничката од возилото “Хјундаи“ М.С.(68) при транспотирање со медицинско возило кон болница им подлегнала на повредите. И.С. и уште еден сопатник-малолетник се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.