Зариф им порача на САД дека не преговараат со терористи

Врховниот водач на Иран нема да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп сè додека официјален Вашингтон не престане со политиката на економски тероризам што ги повредува обичните Иранци, изјави иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф во Куала Лумпур.

Според него, укинувањето на санкциите на САД врз Иран би можело да го спаси и Нуклеарниот договор од 2015 година, пренесува АП.

Тој предупредува дека официјален Техеран ќе го продолжи производството на збогатен ураниум надвор од договорот, доколку САД не ги исполнат своите обврски и се вратат на масата за преговори.

„Ние не преговараме со терористи. Ако сакаат да преговараат, тие треба да престанат со тероризмот“, рече Зариф.

Треба да знаете
Последни објави